Tимот на Шкендија денес патува за Азербејџан на натпревар против Сумгаит во рамките од квалификациите во Лигата на Европа.
Во овој натпревар Шкендија нема да може да смета на еден од најискусните во своите редови, Арменд Алими. Алими на резултатите од тестирањата кои ги направиле пред тргнувањето добил позитивен тест на коронавирус па нема да биде можност во патува.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Клубот информира дека Алими се чувствува добро и дека нема симптоми.
Останатите фудбалери и членови на стручниот штаб добиле негативни тестови. Шкендија натпреварот против Сумгаит го игра утре од 18:00 часот.