Тренерот на Милан, Стефано Пиоли најверојатно биде отпуштен од работа доколку не успее да обезбеди пласман во европските натпреварувања на крајот од тековната сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Медиумите веќе лецитираат со многу имиња, а „Калчомеркато“ тврди дека еден од најсериозните кандидати за клупата на „росонерите“ е легендата на клубот, Андреј Шевченко.
За негов ангажман е заинтересиран техничкиот директор на клубот Паоло Малдини. Шевченко нема намера за никакви преговори пред летото, кога ќе се одржи Европското првенство.
Исто така, еден од кандидатите за тренерската позиција е Ралф Ранкник од Лајпциг. Германскиот стратег пак е приоритетна опција за сопствениците на Милан.
По 23 кола, Милан е 10-ти во италијанскиот
шампионат, со 32 бода, десет помалку од зоната за Лигата на шампионите.