Украинската легенда Андреј Шевченко како и многу Украинци поминува низ тежок период откако Русија изврши инвазија на Украина.
Во разговор за британскиот „Скај“ Шевченко ја отвори душата и емотивно зборуваше дека ги моли неговата мајка и сестра да ги извлече од Украина, но тие упорно одбиваат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Горд сум што сум Украинец. Тежок момент е ова за мојата земја, за мојот народ и семејството. Мојата мајка и сестра се во Киев и поминуваат низ страшни работи. Луѓе умираат, деца умираат…Проектили се насочени кон нашите домови. Мораме да ја запреме оваа војна. Се обидувам да разговарам со нив на секои 20 минути затоа што во моментов има многу напади на Киев“.
„Мојата мајка и сестра како и многу Украинци не сакаат да го напуштат својот дом, остануваат да се борат за слободата. Многу пати ги молев да ги извлечам, но секогаш добивам ист одговор – не сакаат да заминат“.
Фудбалот во овој момент за него не е важен.
„Фудбалот за мене во овој момент не постои. Секое утро се будам со мислите што ќе биде со мојата земја. Потребно е дипломатско решение. Руските напади треба да се запрат што е можно побрзо“, зборуваше Шевченко.
Легендарниот напаѓач во овој момент е во Лондон каде што живее со неговата сопруга и четири деца.
Former Chelsea striker and Ukraine manager Andriy Shevchenko told Sky Sports News he's tried to get his family to leave Kyiv as Russian troops close in on the capital.
— Sky News (@SkyNews) March 2, 2022
More on this story: https://t.co/ZwiGBH3xUH pic.twitter.com/ipgt6xcB8X