Директорот на Шахтјор, Сергеј Палкин потвди дека играчот за врска Фред на лето ќе се пресели во Премиер лигата.
Бразилецот оваа сезона игра фантастично во дресот на Шахтјор, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Најсилен инетерс за Фред покажува Манчестер Сити, но директорот на Шахтјор потврди дека во игра за потписот е и градскиот ривал Манчестер Јунајтед.
„Фред заминува во јули. Ако не оди во Манчестер Сити, тогаш ќе потпише за Јунајед. Тој одамна е веќе спремен да игра во најсилната лига на светот. Не само што е одличен фудбалер, туку и голем професионалец“, изјави Пакин.
Цената на овој 25-годишен играч за врска изнесува околу 50 милиони евра, што нема да претставува проблем за клубовите од Манчестер.