Селекторот на Аргентина, Жорге Сампаоли, до сега беше упорен, па Паоло Дибала и Мауро Икарди не добиваа повик во дресот на репрезентацијата, но сега би можел и тоа како да размисли.
Имено, Серхио Агуеро се повреди и според најавите на докторите би можел да го пропушти Светското првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На напаѓачот на Манчестер Сити ќе му биде извршена операција откако неговата ситуација со коленото му беше влошена. До крајот на сезоната сигурно нема да го гледаме на терените, а би можел да го пропушти и Мундијалот.
„Агуеро направи атроскопија на само 60 дена пред почетокот на Мундијалот и тоа е загрижувачко. Опоравувањето трае најмалку неколку недели, посебно бидејќи напаѓачот веќе имаше проблеми со истото колено. Мислам дека, дури и да биде подготвен за Мундијалот, нема да може да игра во најдобра форма“, изјави докторот на репрезeнтацијата на Аргентина, Д’Aгостино.
Доколку Агуеро не биде спремен да патува во Русија, многу веројатно дека повик ќе добие еден од Паоло Дибала и Мауро Икарди.