Дома Фудбал Англија Шампионски дочек за Ливерпул на Етихад

Шампионски дочек за Ливерпул на Етихад

Шампионите се познаваат и во поразите. Тоа денеска го потврдија играчите на Манчестер Сити.

Ливерпул оваа сезона после 30 години ја освои Премиер лигата, а Пеп Гвардиола пред неколку дена кажа дека Црвените на Етихад ги очекува шампионски пречек.

Она што Шпанецот го вети неговите играчи го претворија на дело. Пред да излезат на теренот играчите на Манчестер Сити направија шпалир за своите вечерашни гости.

Црвените оваа сезона беа убедливо најдобри во англиското првенство и сосема заслужено ја освоија титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…