Дома Македонски спорт Чурлинов: Оваа репрезентација има квалитет, верувам ќе се радуваме на нови победи!

Чурлинов: Оваа репрезентација има квалитет, верувам ќе се радуваме на нови победи!

Македонската репрезентација до 21 година одигра добар турнир во Анталија каде што запишавме по еден пораз, реми и победа.

Победата ја запишавме во последниот дуел, вчера во кој ја декласиравме Бугарија со убедливи 5:1.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„ Одигравме три добри и тешки натпревари, полека но сигурно влегуваме во посакуваната форма. Од меч во меч игравме се подобро, што резултираше на крајот со убедлива победа над Бугарија. На првата средба против Казахстан имавме малку потешкотии и неколку грешки , но тоа го поправивме на следните натпревари. Лично сум задоволен од тоа што го покажав во овие три натпревари, секогаш е чест да се носи дресот со државен грб. Тука се и моите соиграчи кои ми помагаат многу, сепак фудбалот е колективна игра и за успех не е доволен само еден играч. Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата, односот со селекторот е на едно високо ниво, секогаш треба да се слуша и почитува неговиот збор. Оваа репрезентација има квалитет и се надевам дека сите заедно во иднина ќе можеме да се радуваме на многу победи.”,изјави капитенот на младинците Дарко Чурлинов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…