Дома Трансфер зона Чудна клазула во договорот на Кавани: Ако си замине Јунајтед ќе му плати два милиони евра

Чудна клазула во договорот на Кавани: Ако си замине Јунајтед ќе му плати два милиони евра

Според она што го пишува „ЕСПН“ доколку Манчестер Јунајтед не го продолжи договорот на Кавани ќе треба да му исплати два милиони евра.

Во последниот ден од преодниот рок Кавани пристигна на „Олд Трафорд“ и стави потпис на договор на една година, со опција тој дополнително да се продолжи на уште една.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неодамна Солскјер изјави дека е задоволен, но дека ќе преговараат за тоа дали ќе има продолжување на договорот.

„Во овој момент можам да кажам дека на Едисон му оди добро, тој одлично се вклопи во тимот. Ќе дојде време ќе седнеме и ќе разговараме за договорот. Ние ќе ги кажеме нешите планови, тој неговите“, изјави Солскјер.

Сега медиумите објавија дека во договорот на Кавани има клазула според која Јунајтед ќе му плати компезација од два милиони евра ако не му го продолжи договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…