Пари Сен Жермен вчера беше поразен од Барселона на домашен терен со 2:3, имаа домаќините предност од 2:1, но дозволија Барселона со два гола да го врати водстовот и да слави.
По натпреварот Луис Енрике истакна дека се уште ништо не е решено, а дури и малку звучи изненадувачка изјавата дека очекува во вториот натпревар да им биде полесно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не е убаво кога ќе загубите на домашен терен, тоа е нешто кое никој не го сака. Сегаполесно ќе се подготвуваме за реваншот во Барселона, бидејќи ќе немаме притисок и верувам дека ќе победиме на гостински терен. Јас сум единствениот кој го гледа овој тим на тренинзите, ги анализирам сите работи и носам важни одлуки“, изјави Енрике.