Дома Тенис Чориќ го спречи Надал да се врати на првото место на АТП

Чориќ го спречи Надал да се врати на првото место на АТП

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал беше поразен во првото коло на Мастерсот во Синсинати од Борна Чориќ со 6-7, 6-4 и 3-6.

Хрватот со победата го спречи Надал во обидот да се врати на првото место на АТП-листата, кој имаше шанса да го преземе врвот ако Данил Медведев изгуби во раната фаза од туирнирот.

Меѓутоа, очигледно Надал немаше решение за Чориќ, кој сега води со 3-2 во меѓусебни натпревари.

Во третото коло Чориќ за противник ќе го има сонародникот на Надал, Роберто Баутиста Агут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Црно-бела радост на мразот: Партизан ја совлада Звезда по речиси една деценија

Хокеарите на Партизан го добија вечното дерби со 2:0, а Алијевиќ и Суботиќ ја решија средб…