Како што е познато Томас Тухел, го одби Баерн Минхен, а денес во медиумите се појави новото име за кое се смета дека е прв кандидат да седне на кормилото на гигантот од Минхен.
Во Баерн со сите сили се обидуваат да го задржат Хејнкес и наредната сезона, но тој не прифаќа, па мораа да побараат ново решение.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пренесуваат германските медиуми, нов тренер на Баерн Минхен од наредната сезона ќе биде сегашниот стратег на француска Ница, Швајцарецот Лусијан Фавр.
Според медиумите работата е веќе сериозна и Фавр во наредните денови би требало да ги заврши финалните преговори со Баерн, се работи за стручњак за кого многумина сметаат дека е помеѓу најдобрите во Европа.
Фавр во Ница пристигна во 2016 година и продолжи онаму каде што застана со Борусија Менхеглдабах со која успеа да стигне до пласман во Лигата на шампионите.
57 годишниот Швајцарец во Бундес лигата покрај Менхенгладбах работеше уште за Херта.
Sport 1 | Former Gladbach coach and current Nice coach Lucien Favre is a candidate for Bayern's coaching as there is a clause to break his contract with his current club. pic.twitter.com/qYeOMnYZXF
— Bayern mania (@Bayern_mania) March 25, 2018