Дома Фудбал Останато Човекот кој долги години доминираше во репрезентативниот фудбал му се нуди на Реал Мадрид!

Човекот кој долги години доминираше во репрезентативниот фудбал му се нуди на Реал Мадрид!

real madrid

На навивачите би можела да им се допадне оваа опција.

Авантурата на Јулиен Лопетеги во Реал Мадрид не траеше премногу долго, него го замени Сантијаго Солари и гледајќи ги резултатите не можеме да кажеме дека му оди лошо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, голема „црна дамка“ е дебаклот против Еибар, а и вчерашната игра на Реал против Хуеска, натпревар во кој победија, не беше за пофалба.

Сега како можен кандидат за клупата на Реал Мадрид се наметнува Јоаким Лев кој самиот најави дека би сакал да ги води „кралевите“.

Германија ја има една од најлошите години во својата историја и стратегот знае дека селекторската позиција не му е така сигурна.

„Моите мисли се насочени кон она што ќе го правам после оваа улога. Тука сум долго време и морам да започнам да размислувам за наредниот чекор, а не би сакал да продолжам во Германија“.

„Мојата иднина веројатно е некаде во друга земја. Реал Мадрид? Тоа би било интересна опција за секој тренер“, изјави Лев.

Останува да видиме дали оваа изјава на Лев ќе биде и повик до Перез сериозно да размисли за негов ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …