Мексиканскиот напаѓач, Хавиер Ернандез, познат како Чичарито, во следните неколку дена би требало да го комплетира трансферот во Бешикташ, пренесува „Goal“.
Чичарито во редовите на лондонската екипа пристигна минатото лето од Баер Леверкузен, но постигна само четири гола на 17 настапи, па заминувањето е извесна опција, иако во клубот е само шест месеци. За неговите услуги се заинтересирани многу клубови, но изгледа дека на крајот Бешикташ ќе ја добие оваа битка, а Вест Хем би требало да добие 8.5 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Бешикташ, Фикрет Орман во моментов се наоѓа во Лондон, каде што го финализира овој трансфер, а Чичарито би требало да добие 3.5 милиони евра на годишно ниво. Потсетуваме, мексиканскиот напаѓач би требало за Бешиташ да биде замената за Ценк Тосун, кој се пресели во Евертон.
Чичарито во текот на кариерата, освен за Вест Хем, играше и за Манчестер Јунајтед, Баер Леверкузен, Реал Мадрид и Гвадалахара.