Дома Топ вести Чистка на „Олд Трафорд“: Јунајтед продава седум играчи

Чистка на „Олд Трафорд“: Јунајтед продава седум играчи

Манчестер Јунајтед одигра одлично во вториот дел од сезоната и успеа да се избори за третото место во Премиер лигата.

Сепак, во Лига Европа следуваше разочарувачка елиминација во полуфиналето од Севиља, па навивачите и оваа сезона останаа без трофеј.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Англиските медиуми тврдат дека сега ќе следува „чистка“ на Олд Трафорд и дека на седум фудбалери ќе им биде отворена излезната врата.

Како еден од проблемите што Манчестер го имаше на крајот од сезоната, се наведува дека тие имаа дури шест од десетте играчи со најмногу минути во Премиер лигата од сезоната која продолжи во јуни.

Солскјер не ротираше многу затоа што нема многу квалитет надвор од првиот тим и поради тоа е спремна реконструкција на тимот.

Џеси Лингард, Андреас Переира, Диого Далот, Хуан Мата, Фил Џонс, Крис Смолинг и Маркос Рохо ќе го напуштат Олд Трафорд бидејќи повеќе не влегуваат во плановите на Солскјер.

Со продажбата на овие играчи се очекува Јунајтед да финансира дел од новите засилувања ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дани Алвеш пред два месеци излезе од затвор, а сега отвори фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за с…