Дома Фудбал Чешмеџиев претставен во Вележ: Од татко ми и дедо ми знам за големината на клубот

Чешмеџиев претставен во Вележ: Од татко ми и дедо ми знам за големината на клубот

Maкедонецот Константин Чешмеџиев и официјално е промовиран во босанскиот клуб Вележ од Мостар

Вележ е клуб со славна историја и во минатото два пати го освојуваше Купот на Југославија.

„Константин Чешмеџиев е нов играч на ФК Вележ Мостар. 24 годишниот Македонец потпиша договор на две години“, стои во соопштението од клубот.

Чешмеџиев истакна дека од неговите татко и дедо дознал колку голем и сериозен клуб е Вележ.

„За клубот знам од татко ми и дедо ми, бил сериозен куб во поранешна Југославија. Ова е клуб со голема традиција и добри навивачите. Целите ни се виоски и сакаме излез во Европа, се надевам ќе успееме“, изјави македонскиот фудбалер на претставувањето.

За Чешмеџиев ова е прв клуб надвор од Македонија претходно го носеше дресот на Шкендија, Академија Пандев, Македонија Ѓ.П и Работнички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хоџа ја отвори голгетерската сметка во Англија, Лидс У21 загуби од Хартлпул

Дитмир Хоџа го постигна единствениот погодок за Лидс У21 во поразот со 3:1 кај Хартлпул. З…