Дома Фудбал Лига на шампиони Чех: Играчите треба да ги прославуваат погодоците против поранешните клубови

Чех: Играчите треба да ги прославуваат погодоците против поранешните клубови

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез ќе биде во центарот на вниманието во текот на вечерашниот реванш помеѓу Ливерпул и Барселона на Енфилд.

Напаѓачот на Барселона постигна еден од трите погодоци за својот тим во првиот натпревар на Камп Ноу, а остана запамтено дека го прослави погодокот иако порано го носеше дресот на Црвените.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новинарите го запрашаа дали тоа планира да го направи и вечерва.

„Имам голема почит спрема навивачите на Ливерпул. Многу сум им благодарен. Доколку постигна погодок против Ливерпул овде нема да прославам на ист начин.“ – порача Суарез пред реваншот на Енфилд.

Сепак, еден од оние кои го советуваат да го прослави евентуалниот гол на Енфилд е голманот на Арсенал, Петр Чех.

„Во фудбалот се работи за емоција и среќа кога постигнете погодок. Фудбалерите треба да ги прославуваат головите на големите натпревари дури и ако играат против поранешниот клуб. Секогаш тоа треба да го направите со респект, но не е во ред да не покажете емоции откако ќе постигнете погодок за својот тим.“ – напиша Чех на Твитер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…