Oткако денес се појави веста дека Ањели повторно има намера да го оживее проектот за Суперлигата стигна одговор од УЕФА.
Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин го нарече Ањели фудбалскиот Владимир Путин.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Уште еднаш ќе повторам – секој клуб кој ќе сака да игра во ново натпреварување, Суперлига или без разлика како тоа ќе се вика ќе нема право за настап во натпреварувањата на УЕФА. Основачите на оваа глупава бесмислена идеја само бараат начин за поголема заработка. Ми здосади да се зборува за овој антифудбалски проект“.
„Прво сакаа да го започнат во сред пандемија, а сега одново се обидуваат во време на војна. Андреа Ањели е обичен диктатор, тој е фудбалскиот Владимир Путин. Тој човек нема срам, дури ниту војната не го допира. Како да живее во некој друг универзум“, изјави Чеферин.