Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, за прв пат се огласи за европската Супер лига, која се планира да ја создадат европските гиганти.
Европската Супер лига би се состоела од 18 најсилни европски клубови, и да се игра во „класичните термини за европски фудбал“, а почетокот е планиран за 2022 година.
Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓
Тоа ќе ја „уништи“ актуелната Лига на шампиони, па поради тоа Чеферин апелира да се спречи нејзино формирање.
Сепак, медиумите се сигурни дека Чеферин е против формирањето на ваква лига, бидејќи УЕФА ќе изгуби ексклузивитет на „пакет“ од 6 до 10 милијарди евра годишно.
„Како прво, мора да сториме се за оваа лига никогаш да не се случи. Не сум сигурен дали клубовите го сакаат тоа или само ја туркаат целата приказна со закани. Ако е така, тие успеаја во тоа. Тоа натпреварување нема да биде добро за средните и мали федерации“, изјави Чеферин.