Расколото помеѓу европските гиганти и УЕФА на најдобар начин го искористи првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи кој дојде на местото на Андреа Ањели како претседател на Асоцијацијата на Европски клубови (ЕЦА).
Келаифи е сопственик на ПСЖ, а поради начинот на кој го превземе клубот од Париз и големите вложување тимот од „Паркот од принцовите“ го доби епитетот „пластичен“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шеикот од Катар ПСЖ го превзема во 2011 година и десетгодини раководи со еден од најголемите и најмоќни клубови во светот, а до тоа богатство дојде со продажба на нафта.
Сепак, УЕФА го занемари сето тоа и дозволи Ал Келаифи да влезе во извршниот одбор без разлика на неговото контроверзно минато.
Сега во медиумите се појави едно интересно видео со реакција од Чеферин до Келаифи од конгресот кој се одржа во денот кога Суперлигата се распадна. Конгресот беше одржан во попладневните часови, а вечерта клубовите почнаа да се откажуваат.
Оваа рекација на Чеферин изгледа како Словенецот да знаел што ќе се случува…