Бразил од секогаш важел за „фабрика“ на големи фудбалски таленти, а новиот „бисер“ се вика Паулињо и настапува за Васко де Гама.
Овој 17-годишен напаѓач важи за еден од најголемите таленти во Јужна Америка и за него силен интерес покажуваат четири европски гиганти, Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ и Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Паулињо минатата година дебитираше за првиот тим на Васо де Гама со само 16 години и во својот трет настап постигна два гола. Со тоа стана најмладиот фудбалер кој постогнал гол за славниот бразилски клуб и го сруши рекордот на Филипе Кутињо.
Паулињо може да игра и како централен и како крилен напаѓач, има одлично чувство за гол и фантастична техника.
Поради тоа веќе започна борбата за неговиот потпис, а медиумите тврдат дека неговата цена може да достигне до 50 милиони евра.
Запомнете го ова име, експертите тврдат дека ќе биде новата голема ѕвезда на светскиот фудбал.