Дома Фудбал Англија Четири гола на Кејн, Лестер декласиран!

Четири гола на Кејн, Лестер декласиран!

Екипите на Лестер и Тотенхем вечерва со почеток од 20:45 часот го одиграа својот натпревар од Премиер лигата.

Тимот на Маурисио Покетино иако претходно веќе го имаше обезбедено второто место и овој натпревар немаше резултатско значење сепак запиша убедлива победа.

Натпреварот го отвори Хари Кејн во 25 минута од натпреварот. Тотенхем беше апсолутно подобар противник, па тоа резултираше и со втор гол во мрежата на „лисиците“, а тој беше дело на Сон Хеунг Мин во 36 минута, па на полувреме „петлите“ заминаа со два гола предност.

Чивел после петнаестина минути игра во вториот дел намали на 2:1, но само четири минути Кејн го постигна својот втор гол и ја врати разликата од два гола за гостите. До крајот на средбата Хари Кејн постигна уште два погодоци, а Сон уште еден, за убедлив 1:6.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…