Дома Фудбал Англија „Четата“ на Артета продолжува да „гази“: Лондонскот дерби за Арсенал, прв пораз за Тотенхем 🎥

„Четата“ на Артета продолжува да „гази“: Лондонскот дерби за Арсенал, прв пораз за Тотенхем 🎥

Програмата во Премиер лигата денес беше отворена со дербито во Лондон помеѓу Арсенал и Тотенехм.

Како и многу пати судирот на двете лондонски екипи донесе интересен фудбал во кој видовме четири гола и еден црвен картон. Резултатот го отвори Томас Парти со фантастичен гол после 20 минути игра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тотенхем се врати десет минути подоцна. Главниот судија на мечот покажа на белата точка, а сигурен реализатор на најстрогата казна беше Хари Кејн. Само што започна второто полуввреме Арсенал ја врати предноста со голот на Габриел Жесус.

Работата за Тотенхем стана потешка кога во 62. минута после еден невнимателен старт директен црвен картон заработи дефанзивецот Емерсон Ројал. Седум минути по црвениот картон Гранит Џака ги постави конечните 3:1.

Оваа победа за Арсенал значи дека ќе остана лидери и после ова коло со 21 бод. Со натпревар помалку зад нив е Манчестер Сити со 17 бодови. Тотенхем ќе остане трет со ист број бодови колку и „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…