Лино Червар оваа сезона дефинитивно се врати во својата татковина и по долги години се раздели со Металург и ја напушти Македонија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Легендарниот стратег се врати на клупата на ППД Загреб каде што веќе во воведното коло направи сензација, совладувајќи го тимот на Флензбург.

Но за хрватските медиуми Червар откри дека поминува низ животна драма, а се чини токму тоа е причината зошто си замина од Македонија.

„Тешко ми е, имам уште една голема борба. Сопругата ми е болна. Во животот ми беше најголема помош во се и морам да бидам со нејзе кога е најтешко. Среќен сум што луѓето кои работат со мене тоа го чуствуваат, па некои натпревари во гости ќе мора да ги одработат без мене“ изјави Лино.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Еден од најголемите македонски таленти на чекор од голем трансфер!

Младиот македонски ракометар Димитар Узунчев е на чекор до голем трансфер во словенечки Це…