Лино Червер во јануари ќе ја води Хрватска на Светското првенство во Египе, а сега за хрватскиот портал „24сата“ тој зборуваше на повеќе теми.
Помеѓу другото Червар зборуваше и за според него најдобрите странски ракометари. Во оваа прилика ги спореди Роналдо и Меси. За него Роналдо е победник, а Меси губитник.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кога се странските играчи во прашање, најдобар е Никола Карабатиќ. Тој е вистински ас, се што не е пример Лионел Меси. Меси е ас само во медиумите. Кристиано Роналдо е победник како Балиќ и Карабатиќ во ракометот. Барса минатата сезона прими осум гола од Баерн и каде беше тој? Требаше да биде човекот кој ќе ја превземе одговорноста. Затоа за мене тој е губитник, а Роналдо победник. Ако беше толку голем со Аргентина ќе станеше светски шампион. Од друга страна Роналдо секогаш се појавува кога е најпотребен на својот тим“, изјави Червар.