Дома Останати Ракомет Червар му одговори Манасков: Да не бев јас Македонија немаше да има репрезентација

Червар му одговори Манасков: Да не бев јас Македонија немаше да има репрезентација

cervar

Непосредно пред почетокот на Европското првенство, хрватскиот стратег кој долго време работеше во Металург сега во одговорот кој му го даде на Пепи Манасков ја вмеша и Македонија.

Да потсетиме, неодамна нашата ракометна изјава Пепи Манасков даде изјава во која тврдеше дека времето на Лино Червар е поминато и дека ова му е само награда, да се обиде да направи нешто што не му успеало.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Секако ова го објавија и хрватските медиуми, па стигна до Червар кој во одговорот ја вмеша и Македонија.

„Навистина се чудам зошто нашите медиуми го објавија ова. Можеби да ме провоцираат или пак да ме мотивираат. Со гордост можам да кажам дека јас сум еден од најтрофејните тренери во овој регион. Го познавам Манасков, имаше навистина добра кариера, но сега не работи ништо, па си зема право да ги оценува другите и тоа не е добро. Јас работев со децата во Македонија, доколку не бев јас тие сега немаа да ја имаа оваа репрезентација“, остро одговори Червар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…