Македонскиот голман Борко Ристовски и хрватскиот селектор, Лино Червар се во вистинска медиумска „војна“.
По вчерашното интервју на Борко во кое објаснува зошто Червар е човек кого времето го прегазило, а претходно го нарече и „шарлатан“. Интервјуто на нашиот голман можете да го прочитате ТУКА.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Червар не чекаше многу за да возврати и овие зборови на Борко ги смета само за обид за провокација и ништо повеќе.
„Неговите изјави се само обид за провокација, ништо повеќе. Не сакам да давам важност на таквите изјави. Знам дека сите кои не познаваат мене и него знаат во што е проблемот. Тоа е се што имам да кажам во врска со таа тема“, изјави селекторот на Хрватска.