Дома Останати Ракомет Червар: Лазаров е најголемиот ракометар кој сум го тренирал!

Червар: Лазаров е најголемиот ракометар кој сум го тренирал!

Денес на Светското првенство Данска и Германија не очекува најважниот натпревар досега на Светското првенство.

Хрватска е фаворит, но и Македонија сигурно дека има на што да се надева кога во составот има ракометари како Кире Лазров, Стојанче Стоилов, Борко Ристовски, Дејан Манасков…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Хрватска добро се запознаени со квалитетите на нашата селекција и од најавите на хрватските спортски медиуми може да се заклучи дека тие во натпреварот влегуваат со голема претпазливост и респект кон нас.

Нивниот селектор, Лино Червар осум години работеше во нашата земја и тој секако знае дека нема да им биде лесно.

Червар пред овој натпревар имаше и големи пофалби за нашаиот капитен за кого истакна дека е најдобриот ракометар кој го тренирал во својата кариера.

„Вообичаено не издвојувам поединци, но со Кире Лазаров ќе направам исклучок. Тој е најголемиот ракометар кого сум го тренирал“, изјави Червар.

И Кире имаше пофални зборови за Лино – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…