Дома Останати Ракомет Червар завршил во болница, му била направена операција

Червар завршил во болница, му била направена операција

Лино Червар со Хрватска имаше проблеми на Светското првенство во Египет, а сега се соочува со проблеми со здравјето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватскиот стратег во последниот период имаше проблеми со здравјето и мораше да оди на операција, сега за хрватските медиуми зборуваше на оваа тема.

„Направив операција, ми беа отстранети камења во бубрегот. Во болница бев четири дена, ми ставија и катетар за да го прошират каналот. Моето семејство беше со мене и сега се надевам дека тие работи се зад мене. Сепак, имаме проблеми со грбот и дискот што ми го удира нервот. Ќе мора да направам магнтна резонанца па ќе видиме дали ќе треба нова операција или може да се реши со друг метод“, изјави Червар.

Ќе потсетиме после лошиот турнир кој го одигра Хрватска во Египет Червар си замина од селекторската позиција и на негово место дојде Хрвоје Хорват.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Познати противниците на Македонија на СП 2027

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за Светското првенство 2027, по…