Дома Фудбал Англија Чемпионшип заврши со голема драма: Руни со Дерби едвај избори опстанок!

Чемпионшип заврши со голема драма: Руни со Дерби едвај избори опстанок!

Oдиграни се сите натпревари од 46. коло во англискиот Чемпионшип, па така заврши првенството во вториот по ранг англиски фудбал.

Норвич и Вотфорд без оглед на денешните резултати обезбедија промоција во Премиер лигата, а сега познати и паровите за плеј-офот за пласман во елитата. Во првото полуфинале играат Брентфорд и Бурнемоут, додека во второто ќе се сретнар Барсли и Свонси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Векомб испадна од лигата, а борбата за опстанок се водеше помеѓу Дерби, Шефилд и Ротерхам кој беше најголем губитник во последното коло.

На Дерби во последното коло му беше доволен бод против Шефилд за опстанок додека гостинскиот тим бараше победа. Гостите на полувреме имаа 1:0, Дерби сврте на 2:1, а тогаш Шефилд прави нов пресврт за 3:2. Во 79. минута Дерби од пенал изедначи на 3:3, па така остана во лигата, а испаднаа Векомб, Ротерхам и Шефилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…