Како што пренесуваат медиумите во Италија, дефанзивецот Даниеле Ругани наскоро ќе потпише нов договор со Јувентус.
Италијанецот уште минатото лето беше желба на Челси, кој нудеше 40 милиони евра за овој дефанзивец, но до договор меѓу двата клуба не дојде.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ругани остана во Торино, не играше многу, но поради проблеми со повредени играчи доби шанса и стана стандарден првотимец.
„Среќни сме што ќе соработуваме со Ругани на подолг временски период.“ – изјавија вчера од таборот на Јувентус.
Наскоро се очекува и официјална потврда од страна на италијанскиот првак, а медиумите пренесуваат дека ќе потпише договор до 2023. година и ќе заработува дупло повеќе пари од моменталниот договор, поточно ќе има три милиони евра годишно.