Дома Фудбал Челниците на Арсенал знаат кој ќе го наследни Венгер: Името е големо ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Челниците на Арсенал знаат кој ќе го наследни Венгер: Името е големо ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Арсен Венгер ова лето потпиша двегодишен договор со „топџиите“, па реално е да се очекува следната сезона да му биде последна на кормилото на Арсенал.

Тоа е и планот на раководството, кое веќе знае кој ќе биде наследникот на францускиот стратег. Имено, идејата е Венгер да го наследи бившиот играч на Арсенал, Микел Артета
.
Шпанецот кариерата ја заврши во Арсенал, „топџиите“ му понудија место во стручниот штаб на Венгер, но тој се одлучи да го „пече“ занаетот покај Пеп Гвардиола.

Артета му е асистент на Каталонецот на клупата на Манчестер Сити кој блеска оваа сезона и е апсолутен фаворит за освојување на Премиер лигата.

Сигурно дека и Артета има удел во тоа, а нема сомнеж дека Шпанецот во следната година и половија доволно ќе созрее и ќе биде спремен да започне тренерска кариера.

Челните луѓе на Арсенал веруваат дека Артета ќе биде вистинскиот човек кој може да го наследи Венгер на кормилото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…