Тиму Бакајоко минатото лето се врати во Челзи после едногодишната позајмица во Милан, но за него немаше место во тимот на Лампард.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот беше испратен на нова позајмица во Монако и на лето повторно ќе се врати на „Стенфорд Бриџ“, а Челзи сака да заработи од неговата продажба.
Англиските медиуми пренесуваат дека „сините“ за неговата слобода бараат 30 милиони фунти, сума која ретко кој клуб ќе ја плати.
ПСЖ, Севиља и Милан покажуваат интерес за Французинот, а неговата најголема желба е да се врати на „Сан Сиро“, каде одигра одлична сезона.
Сепак, ниту еден од заинтересираните клубови не е спремен да плати повеќе од 25 милиони евра за потписот на Бакајоко, па Челзи ќе биде приморан да ја прифати таа сума.