Дома Фудбал Англија Челзи убедливо посрамотен на гостувањето кај Вотфорд (ВИДЕО)

Челзи убедливо посрамотен на гостувањето кај Вотфорд (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Премиер лигата, Челзи вечерва запиша убедлив пораз од екипата на Вотфорд на гости со високи 4:1.

Домашниот состав доминираше уште од самиот старт, па оттаму и низата шанси кои се редеа во шеснаесетникот на „Плавите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во само 5 мин по само 30 минути игра, Бакајоко заработи два жолти картони, по што гостите останаа со играч помалку на теренот.

Денеј од белата точка го отвори резултатот во 43. минута, па така Вотфорд на полувреме замина со минимална предност.

Азар успеа во второто полувреме да израмни, но Вотфорд не се откажа па така подоцна Јанмат во 84, Делофеу во 88. како и Переира во 91. минута се запишаа во листата на стрелците кај Вотфорд и донесоа големи три бода по мечот со актуелниот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…