Дома Топ вести Челзи тргнува по Ракитиќ – Барса ја одреди цената!

Челзи тргнува по Ракитиќ – Барса ја одреди цената!

Челзи ќе се обиде на лето да го донесе плејмејкерот на Барселона, Иван Ракитиќ, тврди каталонски „Спорт“, кој е добро информиран за случувањата во Барселона.

Ракитиќ наскоро ќе наполни 31 година, а Барса е спремна да го пушти бидејќи сака да го подмлади тимот и веќе го договори трансферот на Френки де Јонг од Ајакс.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ракитиќ и минатото лето беше на излезна врата, Барселона го убеди да остане, но не го исполни ветувањето и не му предложи нов договор.

Шпанските медиуми тврдат дека Каталонците веќе ја одредиле цената и за слободата на Хрватот бараат 90 милиони евра.

Челзи силно го посакува Ракитиќ, но тешко дека е спремен да ја плати таа сума. Наводно „сините“ се спремни да понудат 70 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…