Дома Трансфер зона Челзи тргнува по Мануел Ноер

Челзи тргнува по Мануел Ноер

Легендарниот германски голман, Мануел Ноер на лето би можел да го напушти Баерн Минхен и да се пресели на Островот.

Вчера „Билд“ ексклузивно пренесе дека Ноер ја одбил понудата на Баерн за продолжување на договорот кој му истекува во 2021 година. Баварците му нудат продолжување на една година, а тој бара 4-годишен договор.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тоа значи дека Ноер на лето би можел да ја промени средината, а ситуацијата сака да ја искористи Челзи, кој е во потрага по нов голман.

Лампард веќе го „отпиша“ Кепа и бара негова замена, а прва мета е искусниот Мануел Ноер.

Баварците веќе го донесоа Александар Нибел од Шалке и се спремни да го продадат 34-годишниот Ноер, па медиумите тврдат дека трансферот е многу веројатен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Миланско дерби за „нвиот Неста“

Дефанзивецот на Торино, Алесандро Бонџорно е на трансфер листата на миланските гиганти Мил…