Дома Топ вести Челзи тргнува по Кулибали во јануари

Челзи тргнува по Кулибали во јануари

Челзи спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали во зимскиот преоден рок.

Челзи е во потрага по квалитетен дефанзивец и до последниот ден од трансфер пазарот се обидуваше да го ангажира Жил Кунде од Севиља.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако пропадна трансферот на Кунде, „сините“ сега ќе се насочат кон дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.

30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи, но ова лето не пристигнаа понуди за него.

„Сините“ стапиле во контакт со агентот на Сенегалецот и сакаат што поскоро да постигнат договор и да го реализираат трансферот во јануари.

Проблем може да биде што Наполи не сака да ја продаде својата ѕвезда на средина од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историска победа, Македонија оди на Светско првенство

Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ги надполни седумте голови негатива о…