Челзи неодамна доби забрана за трансфери од ФИФА во наредните два преодни рока поради неправилности при доведување на млади фудбалери, но „сините“ се надеваат дека наскоро ќе може да им биде укината или одложена казната.
Челзи веќе вложи жалба на ваквата одлука, па се надева дека жалбениот процес ќе потрае до есен, за да можат да купуваат играчи ова лето на трансфер пазарот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Доколку успеат во својата намера и доколку ФИФА им „прогледа низ прсти“, главна мета на „сините“ во летниот преоден рок ќе биде суперталентираниот Бразилец, Бруно Гимараеш кој моментално настапува за Атлетико Параненсе.
Скаутите на Челзи веќе подолго време ги следат настапите на овој 21-годишен играч за врска, кој исто така е на радарот на многу европски гиганти.
Бруно има откупна клаузула од 40 милиони евра, што за „сините“ нема да биде проблем да ја платат дури и да не се пласираат во Лигата на шампиони, а играчот има и Шпански пасош, што секако може да го олесни неговиот трансфер во Англија.
Гимараеш игра на позиција играч за врска, а неговиот најголем кавлитет е прегледот на игра и техниката, па поради тоа се смета дека ќе биде идеален за стилот на игра на Маурицио Сари.