Ерлинг Халанд сака да ја промени средината, но прво ќе мора да ги убеди раководните лица на Борусија Дортмунд да му дозволат да си замине ова лето.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Дортмунд тврди дека Халанд не е на продажба, но сепак постави цена од 150 милиони евра за слободата на Норвежанецот.
Високата цена не го поколеба Челзи, кој веќе работи на трансферот и испрати прва понуда за Халанд.
Англиските медиуми пренесуваат дека „сините“ понудиле 110 милиони евра за Халанд, кој е најголема желба на тренерот Тухел. Сега се чека одговор на „милионерите“ кои продолжуваат да браат 150 милиони евра.
Челзи е спремен ова лето да продаде неколку фудбалери за да го финансира трансферот на Халанд, како Абрахам, Зијех, Бакајоко, Емерсон Палмери…