Челзи е силно заинтересиран за хрватскиот репрезентативец и член на Интер, Иван Перишиќ, пренесуваат медиумите на Островот.
Перишиќ има договор со Интер до крајот на сезоната и нема најава за негово продолжување, а Челзи е во потрага по засилување на левата бековска позиција.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интер е спремен да разгледа понуди за 32-годишниот Хрват, бидејќи ова е последна можност да заработи на неговото заминување.
Перишиќ оваа сезона игра на позиција лев бек и тоа доста добро, па Тухел во него гледа идеална замена за повредениот Чилвел.
Перишиќ исто така е отворен за преселба на „Стенфорд Бриџ“, па останува уште двата клуба да ја договорат отштетата.