Дома Трансфер зона Челзи спреми понуда за Де Лихт

Челзи спреми понуда за Де Лихт

Челзи спрема понуда за дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сините“ ова лето ќе останат без Кристенсен и Рудигер, па сакаат да донесат најмалку еден врвен дефанзивец, а  прва желба на Тухел е токму Де Лихт.

Холанѓанецот е заинтересиран за преселба во Премиер лигата, но во неговиот договор со Јувентус има откупна клаузула од 120 милиони евра.

Челзи не е спремен да ја плати таа сума, па во наредните денови ќе испрати понуда од 70 милиони евра.

„Скај Италија“ тврди дека Јувентус сериозно ќе ја разгледа оваа понуда бидејќи Де Лихт ги стопира преговорите за продолжување на соработката со „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…