Дома Фудбал Челзи спреми богат договор за новата ѕвезда

Челзи спреми богат договор за новата ѕвезда

Младиот Кол Палмер блеска оваа сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.

Палмер пристигна минатото лето од Манчестер Сити, но набрзо стана лидер во тимот и оваа сезона е најдобар поединец во Челзи.

Поради тоа раководството на „сините“ сака да го награди со нов договор и ќе му понуди двојно повисока плата, пренесуваат медиумите на Островот. Имено, Палмер моментално заработува 80.000 фунти неделно, а со новиот договор ќе добие 155.000 фунти.

Палмер оваа сезона настапи на 38 меча, а притоа постигна 18 голови и 12 асистенции во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…