Дома Фудбал Англија Челзи со два гола во 100-та минута го сруши Манчестер Јунајтед

Челзи со два гола во 100-та минута го сруши Манчестер Јунајтед

Челзи и Манчестер Јунајтед одиграа вистински трилер меч со седум гола, кој на крај му припадна на „сините“ со конечни 4:3.

Манчестер Јунајтед имаше водство од 2:3 до 100-та минута, а потоа Кол Палмер со два гола во две минути креираше пресврт за паметење.

Челзи рано дојде до воство со голот на Галагер, а Палмер во 19-та минута зголеми на 2:0. Потоа следуваше пресврт на „црвените ѓаволи“ со головите на Фернандес и два на Гарначо.

Диого Далот направи пенал во последната минута од судиското продолжение, а сигурен реализатор беше Палмер. Истиот играч веќе во следната акција погоди за хет-трик и голема победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Одлучи да не игра за Швајцарија и сега ќе плати 100.000 евра

Александро Романо (20), играч од средниот ред на Калјари, неодамна одлучи да игра за Итали…