Тренерот на Челзи, Френк Лампард за прв пат во јавноста прозборе за можноста да го ангажира напаѓачот на Лион, Муса Дембеле.
Одличниот напаѓач е мета на Челзи, а медиумите пренесуваат дека Лион веќе одбил една понуда од клубот од Лондон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тој е играч кој јас го знам, а и во клубот го знаат, но чудно ми е што неговото име се поврзува толку често со нас. Тој е играч кој го почитувам, а ние во клубот зборуваме за играч кој може да не засили во фазата на постигнување голови. Сепак, Дембеле не е тој со кого преговараме на редовна основа, доколку има одлука за тоа и јас ќе бидам вклучен во истата“ –изјави Лампард.