Челзи спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали пренесуваат медиумите на Островот.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Челзи е во потрага по квалитетен дефанзивец и до последниот ден од трансфер пазарот се обидуваше да го ангажира Жил Кунде од Севиља.




„Сините“ на лето готово сигурно ќе останат без Рудигер, па сакаат да донесат најмалку еден врвен дефанзивец, а Кулибали е на врвот на листата желби.
30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата.




„Сините“ стапиле во контакт со агентот на Сенегалецот и сакаат што побрзо да постигнат договор за да испратат понуда до Наполи.