Бившиот тренер на Наполи, Маурицио Сари е близу до потпишување на договор со Челзи, пренесуваат италијанските медиуми.
Англискиот клуб е блиску до договор со Наполи и ќе му плати 5 милиони евра на италијанскиот клуб за да го ослободи 59-годишниот стратег.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Притоа, двата клуба ќе склучат „џентлменски договор“ според кој Челзи нема да смее да ги купи играчите Елсеид Хисај, Раул Албиол, Пјотр Зелински и Калиду Кулибали.
Иако Наполи го назначи Карло Анчелоти за нов тренер, договорот на Сари со со клубот е се уште е валиден до крајот на сезоната 2018/19. Откупната клаузула во договорот е 8 милиони евра, но претседателот Аурелио де Лаурентис се согласил да ја намали бараната сума.
Сегашниот менаџер на Челзи Антонио Конте ќе добие компензација од 10 милиони евра за предвремено раскинување на договорот, што доведува до тоа вкупната сума за промената да ги чини „сините“ околу 15 милиони евра.
BREAKING: Maurizio Sarri has been pictured in London today. He is there to finalize his deal with Chelsea. Antonio Conte's sacking the only thing holding it up. pic.twitter.com/GxIu1Fw5Gi
— ? Mad About Chelsea ? (@MadAboutChelsea) June 11, 2018