Дома Фудбал Англија Челзи отпиша 13 фудбалери

Челзи отпиша 13 фудбалери

Лондонски Челзи денеска отпиша 13 фудбалери и тие ќе престанат да бидат членови на овој клуб на 30 јуни.

Листата ја предводи Бакајоко, а останатите се фудбалери кои не се многу познати имиња во светот на фудбалот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Челзи имаше многу лоша сезона. Сините одиграа катастрофален фудбал, а не помогнаа ниту три промени на менаџерската позиција.

Тимот од Стемфорд Бриџ во новата сезона влегува со Маурисио Покетино на клупата. Пред него е тешка задача да ги врати сините во врвот на англискиот фудбал и веќе ја започна работата.

Челзи и Покетино веќе отпишаа 13 играчи. Тоа се претежно имиња кои се непознати во светот на фудбалот, но има едно големо име, а тоа е Тиемуе Бакајоко.

28-годишниот фудбалер пристигна од Монако во Челзи во 2018 година како големо засилување. Тој беше платен 40 милиони фунти, но не ги оправда очекувањата.

Поголемиот дел од договорот со Челзи го помина на позајмица. Два пати отиде во Милан, Монако и Наполи и за лондонскиот клуб одигра само 43 натпревари и постигна три гола.

Тој сега е слободен агент и може да бара нов клуб. Има среќа што се уште е ценет на пазарот и нема да има проблем да најде нова средина.

Списокот на потпишани играчи на Челзи изгледа вака:

Дерик Абу, Принс Адегок, Тиему Бакајоко, Натан Бакстер, Хуан Карлос Фамилија-Кастиљо, Брајан Фиабема, Џо Семјуел Хеј, Хенри Лоренс, Сем МекКлеланд, Дујон Стерлинг, Амари Отиено Томас Силко, Итан Џорџ Војден Дарен и Џејден.

Секако треба да се истакне дека во летниот преоден рок од Челзи ќе си замине и хрватскиот играч за врска Матео Ковачиќ.

Овој одличен 29-годишник е на прагот да потпише за Манчестер Сити, а Сините како обештетување ќе добијат цифра од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За ова зборуваа Гвардиола и Клоп: Уште еден тренер реагираше на проблемот кој се почесто е главна тема!

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нури Сахин, се придружи на низата тренери и играчи кои иста…