Дома Трансфер зона Челзи не се откажува – испрати нова понуда до Лион

Челзи не се откажува – испрати нова понуда до Лион

Лион ја одби понудата од 34 милиони фунти за Муса Дембеле од Челзи, но „сините“ немаат намера да се откажат од одличниот напаѓач.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од францускиот клуб им одговориле на „сините“ категорично дека 23-годишниот напаѓач не е на продажба, но Челзи денес спреми нова понуда.

Имено, англиските медиуми тврдат дека Лампард по секоја цена го сака напаѓачот на „Стенфорд Бруџ“, па раководството испратило нова понуда, овој пат од 40 милиони фунти.

Лион пред 18 месеци го купи Дембеле од Селтик за 20 милиони фунти и од тогаш напаѓачот постигна 30 гола во Лига 1.

Ова е навистина примамлива понуда, па доколку ја прифати, францускиот клуб ќе заработи скоро 30 милиони евра.

Дембеле со добрите игри го привлече вниманието уште на Манчестер Јунајтед и Арсенал, па поради тоа Челзи побрзал со понуда бидејќи сака да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…