Челзи и Јувентус покажуваат сериозен интерес за младиот талент на Динамо Киев, Илја Забарниј, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
18-годишниот дефанзивец остави одличен впечаток за време на ЕУРО, каде беше незаменлив во тимот на Шевченко.
Челзи прв покажа интерес за Украинецот, но според последните информации Тухел одлучил да се насочи кон други цели.
Таквата ситуација е спремен да ја искористи Јувентус кој во моментов е во пол-позиција за потписот на Забарниј. „Старата дама“ е спремна да понуди 5,5 милиони евра плус бонуси.