Дефанзивецот на Севиља и француски репрезентативец, Жил Кунде е пред трансфер во Челзи.
Постои огромен интерес за 22-годишниот дефанзивец, но шпанските медиуми тврдат дека во моментов Челзи е пред комплетирање на трансферот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кунде пристигна во Севиља во 2019 година од Бордо за 25 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите млади стопери во Европа.
Севиља за неговата слобода бара 60 милиони евра, но Челзи е спремен во трансферот да го вклучи Курт Зума.
Последните информации се дека Севиља ја прифатила понудата од 35 милиони евра плус потписот на Зума.
Chelsea have offered around £30m plus Kurt Zouma for Jules Koundé. Talks are progressing well with Sevilla.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 28, 2021
Personal terms won’t be a problem.
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/P9986wXFfs