Дома Трансфер зона Челзи и Рома „во борба“ за спортски директор

Челзи и Рома „во борба“ за спортски директор

Како што пренесува „Goal“, Челзи и Рома се заинтересирани за спортскиот директор на Лил, Луис Кампос.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата тима немаат вработени на функцијата, Мајкл Еманело го напушти Челзи пред една ипол година и од тогаш за трансферите се прашува Марин Грановска.

Што се однесува на „Волчицата“, кога отказ добил тренерот Еузебио ди Франческо, клубот го напуштил и Мончи, кој се врати во Севиља. Сега и „Сините“ и Римјаните гледаат кон Лил, каде што функцијата спортски директор ја работи Португалецот, Луис Кампос.

Кампос водеше четири тима во Португалија, пред што да стане скаут во Реал Мадрид, каде што подоцна замина во Франција и работеше како спортски директор прво во Монако, па сега и во Лил.

Лил се обидува да го продаде Кампос за три милиони евра, а интересно е и дека Челзи е под забрана за трансфери, што не би оставило многу работа за Кампоса на „Стемфорд Бриџ“.

Сепак, во клубот од Лондон се надеваат дека казната би можеле да ја одложат, чекаат на сослушувањето кое е закажана за 11. април, кога ќе продолжат да се жалат на пресудата.

Како и да е, новиот спортски директор ќе има и задача да ја намали групата од 42 играчи, кои играат низ светот како позајмени играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…